СДСМ Битола: Битката за чиста животна средина вроди со плод

Прес конференција
Горан Козаров, советникот од СДСМ во Општина Битола
Битола,22.03.2017
Почитувани сограѓани, драги битолчани

Сакаме да Ви пренесеме една навистина радосна вест.

СДСМ и коалицијата која ја води битката за запирање на работата на Каменоломот во месноста Билбил Камен во Битола вчера издвојува голема победа.

Комисијата за заштита на човековата средина ги донесе следните препораки до локалната самоуправа.

– Да не се издаде Б интегрирана дозвола на концесионерот (до добивање на одговор од побараните мислења од Министерствата за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за економија) и инспекторатот за животна средина да изврши увид на лице место и да постапи според законот.

Со ова се потврдија нашите аргументите на дека нема услови за работа на каменоломот над Битола.

Ги охрабруваме вработените во локалната самоуправа да ги почитуваат законските одредби и да не подлегнуваат на притисоците кои можат да се интензивираат следните неколку дена.

Почитувани сограѓани

Битката за чиста животна средина со ова не завршува.

Битола и битолчани заслужуваат чист воздух.

Новата влада и новата локална самоуправа ќе ја продолжат борбата за враќање на чист воздух и здрава животна средина!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e