Санкционирани 67 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Скопје

На подрачјето на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 67 возачи. Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На сите прекршители, како што се посочува, изготвени им се соодветни поднесоци,

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e