Општина Струмица: Снежните врнежи во јануари предизвикаа вкупна штета од над 7 милиони денари

Снежните врнежи во јануари предизвикаа вкупна штета од над 7 милиони денари.

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица го заврши извештајот за штетите предизвикани од снежните врнежи ноќта помеѓу 19 и 20 јануари оваа година.

По временската непогода до Комисијата беа поднесени 94 барања за проценка на штетата од кои 55 од населеното место Куклиш, 10 од Муртино, 12 од Баница, 5 од Банско, 3 од Габрово, по 2 од Дабиле, Сачево и Водоча и едно барање од Раборци. Комисијата изврши непосреден увид и процена по сите барања, при што процени штета по барања на 73 граѓани, а кај останатите Комисијата констатира дека нема штета или штетата не е предизвикана од снежните наноси. Утврдената штета е причинета од тежината на снегот од кој попуштија полиетиленските платна и конструкции на халите и оранжериите за раноградинарско земјоделско производство. Вкупната штета на граѓаните која што ја процени Комисијата изнесува 7.007.581,00 денари.

Извештајот што го подготви Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица по усвојувањето од Советот на општината ќе биде доставен до Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди при Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, соопштуваат од општината.

17554152_1245163902203704_7298470158991353388_n

17630006_1245163898870371_6354055117771987088_n 17629952_1245163962203698_5567978912478186296_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e