Обука за ненасилна комуникација и медијација во Струмица

Центарот на заедницата на општина Струмица објавува повик за учесници на обука на тема „Ненасилна комуникација и медијација“ – тренинг за млади. Обуката ќе се одржи на 30 март (четврток) 2017 година во периодот од 9:30-17:30 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица, која се наоѓа во Домот на АРМ – Струмица.

Тренингот за ненасилна комуникација и медијација има за цел да им помогне на младите полесно да ги анализираат конфликтите со кои се соочуваат секојдневно и да стекнат комуникациски вештини потребни за да пристапат кон нивно разрешување. Учесниците ќе се запознаат со типовите на конфликти и типовите на учесници во конфликти, како да станат активни слушатели и како да го трансформираат својот начин на комуникација за без страв да адресираат конфликти, во улога на учесници и медијатори (посредници). Тренингот ќе се одвива интерактивно со симулации на конфликтни случаи.

Настанот ќе се одржи со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e