Николовски: После долги години, Велес добива комплетно нов, затворен, модерен градски пазар

Денеска започна официјалната изградба на нов Градски пазар во Велес со вкупна површина од 4.172 метри квадратни, од кои 2.300 метри квадратни се наменети за продавачите на земјоделски производи. Пазарот е составен од шест дела, од кои четири ќе бидат сместени 19 дуќани, деловни објекти, канцеларии и два угостителски објекти на вкупно 638 метри квадратни, а во два дела од објектот ќе бидат сместени тезгите од покриениот пазар, паркинг просторот и улицата за доставување на стоки и рампата за полесен пристап до пазарот со вкупна површина од 2339 метри квадратни и партерно уреден простор пред влезот од 215 метри квадратни.
NikolovskiПосле долги години, Велес добива комплетно нов, затворен, модерен градски пазар, важен за велешани, но и за земјоделците од овој регион, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski7Пазарот е по европски, најсовремени стандарди, посочи Николовски.
Nikolovski1„Со ова, трајно се решава долгогодишниот проблем на земјоделците, продавачите и купувачите од Велес, но и целиот Вардарски регион.
Ги подобруваме условите за продажба на земјоделски производи, го олеснуваме пристапот до граѓаните, обезбедуваме раст и развој во секој дел од државата“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e