Крива Паланка: Една слика – 1000 зборови. Едвај 50-тина на протестот на “За заедничка Македонија”

Секој ден се помалку лица се забележуваат на протестите на иницијативата “За заедничка Македонија” во Крива Паланка, зад кои неформално стои ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа фотографија е од денешниот протест (28.03.2017г) на кој може да се избројат едвај 50-тина, пред се вработени во администрацијата, кои секојдневно се малтретирани од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, преку пораки и закани за задолжително присуство.

Граѓаните со одбивање да протестираат, всушност праќаат порака до досегашната власт дека овие протести не се за некаква наводна одбрана на државата туку одбрана на криминалот и последна сламка за спас, да криминалците не завршат во затвор.

На граѓаните им е преку глава од поделби по разни основи, тие бараат мирен и достоинствен живот, повисоки плати и децата да им бидат тука наместо во странство.

Но оваа фотографија, праќа и друга порака, а таа е дека партијата која сеуште со сила ја држи власта, со ваква скромна поддршка од граѓаните тешко дека во Крива Паланка ќе успее да победи на локалните избори.

17636857_10210699398335240_498414020605645118_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e