– Господине Пишев, ве слушав вчера како го лажевте народот дека општина Струмица за споменици троши 800.000 евра или 49.200.000 денари. Но како совесен вршител на должност градоначалник имам обврска пред граѓаните, а и пред вас да докажам колку Струмица троши на споменици.
Вистината господине Пишев е дека во буџетот за 2017 година имаме предвидено 1.500.000 денари за споменици.
Јас знам дека можеби и не стоите најдобро со бројките, но тоа е ваш проблем.
Чесноста и транспарентноста се на наша страна, заврши времето на манипулирање со граѓаните. – напиша на Фејсбук, в.д градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.