И оваа како и веста за 5600-те вработени во зоната во Ранковце се разбира се лажни вести, по повод 1-ви април, денот на шегата.
Но, овој датум е и добар повод да ја запознаеме кривопаланечката јавност како во изминатите години, досегашната власт без срам ветуваше брда и долини само за да ја задржи власта во своите раце.
На видеото подолу може да го погледнете и да се присетите на ветувањето од 2013г, на тогашниот кандидат за градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски во емисијата “Јади бурек”, дадено на само неколку дена пред гласањето на локалните избори.
– Кланицата веќе се рестартира, јас пред некој ден бев таму, пуштена е струја, вода и за во месец мај е предвидено да се вработат од 80 до 100 луѓе, рече тогаш Алексовски.
Ден денес, ниту е рестартирана кланицата ниту има отворено едно работно место.