Исечени двојазичните табли за Богданци и Гевгелија кои постојат со години

Богданци и Гевгелија, кои на неколку наврати беа споменувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ како општини во кои ниту патоказните табли не требало да бидат двојазнични, истите одамна се двојазични. Сепак, некој ги исекол со цел да не се гледа делот каде е напишано на албански јазик за да изелзе вистинска тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека некој друг воведува двојазичност.

Патоказните табли ја побиваат острата реторика на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, која почна откако партијата ја прифати платформата на партиите на Албанците во секој дел освен законите за СЈО, па не успеја да формира Влада.

Претходно, Груевски во договор со лидерот на ДУИ Али Ахмети без јавноста да знае ги амнестираше Хашките случаи и донесе закон за проширена употреба за јазиците, меѓутоа тогаш се чинеше дека никому не му смета тоа бидејќи никој не излезе во медиумите со повик до граѓаните „да не седат пред телевизор во папучи, туку на улица да ја бранат државата“.

Извор: а1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e