Градоначалникот Андреј Жерновски на средба со австриски инвеститори во Линц

Градоначалникот Андреј Жерновски продолжи со официјалната посета на Австрија. Денеска тој беше во Линц, кадешто оствари средби со водечките личности на градот и челниците на австриската економска комора.

Градот Линц е центар на австриската економија. Австрија пак е втор инвеститор во Македонија и многу важен партнер во трговската размена. Средбата со високи претставници на австриската економска комора е многу важен чекор во продлабочувањето на австриско-македонската соработка. Потенцијалните инвестиции ќе бидат од особено значење не само за Центар како општина, туку и за целата македонска економија.

На средбите се дискутираше и околу актуелните политичко-економски случувања во Македонија. Беше договорено, по формирањето на стабилна влада, да се реализира посета на автриски компании во Македонија и претставување на македонските компании во Австрија.

Попладнево, градоначалникот Жерновски ќе има и интервју за престижниот австриски дневен весник, Die Presse.

Со денешните средби, Жерновски завршува со службената посета на Австрија.

Вчера, тој оствари средба со градоначалникот на Виена, Михаел Хаупл, на која, се разговараше за можностите добрите практики од Виена да се воведат во Центар, се вели во соопштението на општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e