(ФОТО) Каменуван штабот на СДСМ во Аеродром

Вечерва, околу 20 часот беше каменуван штабот на СДСМ во Аеродром. Беше нанесена сериозна штета и неколку прозорци се искршени. Кукавиците го направија тоа додека внатре држевме состанок, но за среќа никој не е повреден.
Сакам јавно да ги прашам, дали навистина мислат дека може да не исплашат? Стравот веќе го нема ниту кај граѓаните ниту кај нашето членство. Овие ситни силеџии се тие кои се преплашени, а на нивните нарачатели им тече низ ногавици. Само кукавиците испраќаат извршители на насилство.
Вечерва сакам јасно да им порачам – Дојдени сте на погрешна адреса! Нас нема да не исплшите туку само ќе не мотивирате! Ние нема да наседнеме на овие провокации со кои сакаат да предизвикаат хаос за да се спасат од одговорност. Ги повикувам нашите членови и граѓаните на смиреност, на режимот и насилството му доаѓа крајот. Ова се нивните последни очајнички обиди за спас.
Режимот на Никола Груевски беше поразен на последните избори во Аердром. ВМРО ДПМНЕ ќе биде катастрофално поразена на следните избори, кога и тие да се одржат. Ние прозорците ќе ги поправиме, но тие рејтингот во Аеродром никогаш! Слободно продолжете со ваквите постапки, вие сте веќе минато за граѓаните на Аеродром.

17458237_10212274099269041_6295307731192944391_n

Фејсбук статус на Златко Марин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e