„Центар се грижи за возрасните“- 88 лица добиваат пакет професионална нега

Денеска општина Центар започнува со реализацијата на пилот проектот „Центар се грижи за возрасните“.

Со овој проект, 88 возрасно лица, жители на општината, ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување.

Во тек е информирање на лицата кои се дел од проектот од страна на извршната канцеларија од “Хуманост“.

Почнувајќи од 3 април, секој корисник ќе добива нега три пати неделно, по два часа. За возрасните ќе се грижат 15 професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ќе ги координира социјален работник, кој ќе подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуализирана грижа според личните потреби.

Услугите кои ќе ги добиваат корисниците се:

– помош во извршување на секојдневните активности (пазарење, подготовка на храна, одржување на просторот, лична хигиена, кај изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета)
– обезбедување на основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби, раздвижување
– задачи од медицински аспект (носење на здравствени прегледи, контрола на крвниот притисок, набавка на лекови и водење на грижа за навремно земање на терапијата)
– психо-социјална поддршка (помош во исполнување на социјални, културни, забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница)

Досега беа поднесени вкупно 90 апликации, од кои кои 88 имаа целосна документација и ќе добијат решенија за нега во домашни услови. Доколку во престојниот период проектот успешно се реализира, тој ќе прерасне во редовна активност на општината.

Општина Центар е првата општина која нуди ваква помош за своите повозрасни граѓани, и за доброто на нашите највозрасни, пожелно е и другите општини, по примерот на Центар да превземат мерки за развивање и субвенционирање на локални социјални сервиси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e