Богдановиќ: СДСМ ги одбрани интересите на граѓаните, променети се плановите што Груевски насилно ги попречуваше!

Изјава за медиуми,
Саша Богдановиќ, претседател на OO СДСМЦентар
Скопје, 22.03.2017
На денешната седница на Општина Центар беше продолжена прекинатата петта седница на Советот од 2013 година каде што поради насилството кое го направи ВМРО-ДПМНЕ врз општина Центар беше прекината седницата на која не беа поништени деталните урбанистички планови преку кои на криминален начин Никола Груевски и неговото криминално здружение го направија проектот Скопје 2014. Со денешната одлука, на оваа парцела зад нас ја попречивме изградбата на катната гаража на Никофон за која како што од претходно знате има одредени судски постапки кои се уште немаат епилог.

Со денешната промена на деталните урбанистички планови мнозинството советници од СДСМ и коалицијата застана во одбрана на интересите на граѓаните и со тоа ги стопираме сите оние криминални проекти кои Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги започнаа. Во рок од седум дена инспекциите на Општина Центар имаат задача до градночаланикот Андреј Жерновски да испратат кои сè одобренија треба да се поништат од страна на Општината, а за градбите кои добиле одобренија од другите институции, исто така ќе биде даден предлог за нивно поништување и отфрлање, а доколку тоа не се случи ќе бидат покренати одредени судски постапки.

Денешната одлука е во интерес на граѓаните на Центар. Знаете дека за таа одлука седницата е започната уште во 2013 година и на истата таа седница беше демолирана Општина Центар и беше попречено од страна на владејачкото мнозиство против кое за истото, после неколку години е покренато обвинение против Никола Груевски и целото раководство на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека правдата ќе стигне за брзо време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e