250 Работници од фабриката „Зона Трико“ од Виница излегоа на протести

250 работници од фабриката „Зона Трико“ од Виница повеќе од една година ги чекаат своите платите за околу осум месеци колку што работеле минатата година.

Тие денеска излегоа на протест затоа што на трансакциските сметки им била исплатена нето плата од по 1 денар и тоа само за четири месеци.
Последниот целосен надоместок го примиле во јануари минатата година, а во септември им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа. Работниците се чудат зошто инспекциските органи до сега не презеле мерки, иако повеќепати ги информирале за состојбата во фабриката.
Извор: 24 телевизија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e