Во септември над 76 илјади граѓани со блокирани сметки

Расте бројот на граѓани со блокирани сметки. За само еден месец, од август до септември бројот на граѓани што се под блокада се зголемил за нови 83 – ца.

Па така во деветиот месец вкупно 76.504 граѓани им биле блокирани скоро 180 илјади трансакциски сметки покажуваат последните податоци од НБРМ.

Граѓаните велат дека тешко го туркаат месецот. Во исто време од август до септември намален е бројот на компании со блокриани сметки, но сепак во деветиот месец од годинава една третина од фирмите биле блокирани. Или од 120.300 депоненти на 36.108 им биле блокирани сметките.

Според новите законските измени, од први јануари извршителот нема веќе да може да блокира сметка без претходно да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Граѓаните најчесто се под блоката поради ненавремено подмирување на комунални сметки, радиодифузна такса и рати за кредити.

Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e