Денеска, според објавените проспекти на Министерството за финансии, Владата продава записи со рок на доспевање од 364 денови и записи со девизна и денарска клаузула со рок на враќање од 182 дена, во вкупна вредност од скоро 29 милиони евра. До крајот на оваа година, вклучувајќи го и денешениот ден на задолжување на домашен терен, Владата планира да спроведе 16 аукциски денови. Имено, уште 16 пати ќе продава државни хартии од вредност, записи и обврзници, преку кои ќе обезбедува пари, кои главно се намаенети за враќање на веќе доспеани обврски кон кредиторите.
Контрола, одговорност и отчетност за задолжувањaта …
Според предложениот ребаланс на Буџетот, Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да остане на исто ниво предвидено со сегашниот буџет од 1,372 милијарди евра, надворешното да се намали, но затоа пак продлабочениот буџетски дефицит ќе го финансира со државните депозити, дел од нив што се планирани и за догодина.
Дел од економистите подолого време алармираат на два фактори кога се анализираат задолжувањата, прво каде завршуваат парите и второ дали темпото на зедолжување е проследено со соодветни стапки на раст на економијата, односно дали и колку задолжувањата придонесуваат кон зголемување на растот.
“Во така изградениот однос кон долгот, власта не ја поколебуваат ниту податоците за значително побрзиот пораст на долгот од растот на БДП што води кон должничко ропство. Отплатата на каматите и главниците во последните три години го надминува растот на БДП. Ланскиот БДП порасна за 3,7%, а износот на ануитетските исплати (камта плус главница) претставуваше 6,23% од БДП. Ануитетската отплата, пак, лани достигна износ од 19,31% од буџетската потрошувачка. Со овие податоци се виде дека не беше случајна трката за емитирање на еврообврзници од половина милијарда евра, од 270 милиони и од 450 милиони евра. Станува очигледно дека без нив, уште лани, не ќе можеа да се задоволат дел од предвидените буџетски потреби“ – пишува во својата колумна економистот Крсте Шајноски.
Растечниот тренд на јавниот долг беше нотиран и во последниот извештај на кредитната агенција “Фич“ која оценката за Македонија од ББ+ ја намали на ББ со негативен изглед. Во извештајот, аналитичарите го нотираат намалувањето на економсиот раст но и се укажува и на задолжувањата.
Според последните расположливи податоци од Министерството за финансии заклучно со вториот квартал од годинава Јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 % од Бруто домашниот производ. Во поскедните шест години, или во однос на состојбата во 2011 година, нивото е зголемено за 1,8 милијарди евра. Имено пред шест години Јавниот долг изнесувал 32% од БДП а сега е зголемен за 45,3%. Според овој критериум Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии.
Инаку, според критериумот на Бруто надворешна задолженост, земјава е во групата на високо задолжени економии. Бруто надворешниот долг заклучно со првиот квартал од годинава изнесува 70,9% од БДП.
Извор Фактор