Собранието го донесе Буџетот за 2017 година

Собранието на Република Македонија со 72 гласови „за“ и 37 против денеска го донесе Буџетот на Република Македонија за 2017 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари. Вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Министерот за финансии, Кирил Миновски, посочувајќи на реализација на Буџетот за оваа година рече дека од јануари до септември реализирани се вкупни приходи во износ од 125,82 милијарди денари, што е за 8,3 милијарди денари или за 7,1 проценти повеќе во однос на истиот период лани. Собрани се даночни приходи во износ од 75 милијарди денари, кои се повисоки за 6,4 милијарди денари или за 9,4 проценти во однос на тој период 2015 година.

Државниот долг посочи дека на крајот на јуни годинава изнесува 36,9 проценти од БДП, додека јавнит долг изнесува 45,3 проценти од БДП.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e