СДСМ: ТЕЦ Осломеј не проработи, излегуваат на површина бизнис интересите од увозот на струја!

До овој момент не проработи ТЕЦ Осломеј. Македонија останува зависна од скапиот увоз на струја.

Според нашите информации вчера во Осломеј бил лично дитекторот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, кој во паниката дека се фатени во лагите дека компанијата работи, барал брз старт на термолелектраната. И по 24 часа од најавениот старт, ТЕЦ Осломеј струја сеуште не произведува.

Како што објавивме ТЕЦ Осломеј во 2017 годиниа има произведено 0 мегават часови електрична енергија, а во 2016 година само 8 проценти од вкупното количество на струја произведено во 2006 година.

Не работи ни ТЕЦ Неготино, а нестабилно работи РЕК Битола, поради што увозот на струја за само две недели ги чини граѓаните неверојатни 4.2 милиона евра.

10 години е закочено домашното производство на струја, на сметка на скапиот увоз на струја што кулминираше од Божик и сеуште трае.

Многу брзо ќе стане јасно дали интерес од скапиот увоз на струја имат неколку фирми блиски до криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано во ЕЛЕМ. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e