Роамингот во ЕУ се укинува, цените на разговорите и на интернетот драстично паѓаат

Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори. Станува збор за средства што државите ги плаќаат едни на други за користење на мобилни услуги.

Реформите во цените би значеле граѓаните на Европа да зборуваат без да плаќаат роаминг, а се очекува новите правила да стапат на сила од 15 јуни годинава.

Договорот треба да биде изгласан на седници на Советот на Европа и на Европарламентот.

Според новиот договор, цената на мобилниот интернет, која во моментов е 7,7 евра за еден гигабајт, до 2022 година треба да се намали на 2,5 евра. Цената за една минута разговор од сегашните 5 евроценти ќе стане 3,2 евроценти, а од средината на јуни испраќање СМС-порака ќе чини 1 евроцент, што ќе биде двојно помалку од сегашната цена.

Неколку европратеници и политичари на социјалните мрежи ја најавија новината и напишаа „збогум роаминг“.

Во согласност со Регионален договор за роаминг, за негова хармонизација со политиките на Европската Унија, изминатите две години, роамингот помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина поевтини за 30 отсто.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e