Планираното прибирање даноци за следната година тешко остварливо!

За следната година владата планира од даноци да прибере сума од 160,7 милијарди денари додека за оваа годинава тој износ е планиран на сума од 147,5 милијарди денари. Планираните приходи се тешко остварливи ако се имаат во предвид и актуелните состојба.

Според првиот човек на Здружението на даночни експерти, Павле Гацов планираното прибирање на даночните приходи за 2017 година претставува оптимистичко сценарио и не одговара на актуелните реални состојби кај даночните обврзници кои впрочем треба и да ги платат предвидените даночни приходи.

„Имено претпоставката дека бруто домашниот производ ќе расте за 3% дополнително станува проблематична со нагласувањето дека растот на БДП ќе се потпирал главно на зголемениот извоз (за 6%). Имено, извозот не се оптоварува со данок на додадена вредност, акцизи и царини и затоа тој нема да донесе индиректни даноци во Буџетот, вели Гацов. 

Според проекциите, во Буџетот се предвидува раст на вкупните даночни приходи за 9,5% во однос на 2016 година, од кои: персоналниот данок треба да расте со 9,3%, данокот на добивка со 16,1%, ДДВ да има раст од 10%, акцизите да растат за 12,7% а царинските давачки за 2,5%.

Иако, анализата на податоците покажува дека даноците се наплатувале и со поголеми стапки на раст во минатото, сепак сегашната состојба не укажува дека оваа проекција е реална за да се оствари.

„Просечниот раст на наплата на вкупните даночни приходи во изминатите 12 години изнесува 6,23%. Отскокнуваат, 2007, 2008, 2011 и 2014 година. Растот на вкупните даночни приходи заклучно со 2008 година се потпираше на растот на економијата. Потое следеше менување на одредени сегменти од даночниот систем главно за фискални цели, додава Гацов.

Еве како изгледала наплатата на вкупните даночни приходи по години

Година % на раст на вкупните даночни приходи во однос на претходната година
2004 8,5%
2005 6,4%
2006 5,6%
2007 16,3%
2008 11,06%
2009 – 7,31%
2010 4,01%
2011 10,68%
2012 – 7,1%
2013 5,48%
2014 12,35%
2015 8,8%
1-6 2016 6,99%

Еве како изгледала годишната наплата на даноци од страна на УЈП 2003 до 2015 година

danoci

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e