Останаа на улица 120 работници од Фабриката за кабли во Неготино

Околу 120 вработени во Фабриката за кабли од Неготино, вклучително и тие на раководни функции, се отпуштени од работа и од вчера се невработени. Како што дознаваме, тие очекуваат рестарт на фабриката за еден месец. Претходно, еден месец работеле за 70 проценти од плата, а и пред тоа имало дисконтинуитет во производството. – пишува Утрински весник.

Со цел објективно информирање, се обративме и до досегашното раководство на фабриката, која во моментов има бугарски сопственик.

„Поради недоволно обезбедени финансиски услови, имавме прекини во работењето. Од друга страна, пак, како последица на дисконтинуитетот во работењето имавме нерентабилно производство. Од тие причини во месец август сите околу 120 работници бевме на колективен одмор со исплата на 70 проценти од плата. Поради необезбедување финансии за рентабилно производство, не се продолжени договорите за работа. Информирани сме дека се очекува обезбедување финансиски услови за континуирано и рентабилно работење и тоа е тоа што ни е официјално кажано“, рекоа од досегашното раководство на фабриката.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e