Од Македонија најмногу пари се одлеале кон Бермуда – 8,5 милиони евра за девет месеци

За девет месеци годинава најмногу пари од Македонија се одлеале кон Бермудa. Податоците на Народна банка покажуваат дека минусното салдо со Бермуда кај странските инвестиции е 8,48 милиони евра.
Подетално, во првиот квартал, од овие острови во Атланскиот океан, има прилив од 520 илјади евра, во вториот квартал приливот е 5,37 милиони евра. Но, во третиот квартал има одлив од 14,36 милиони евра.

На листата земји кон кои се одлеале пари се и Девствените острови, со износ од 20 илјади евра. Кон Романија има одлив од 3,24 милиони евра, а кон Холандија – 6,04 милиони евра. 50 илјади евра е минусното салдо со Чешка.
Најмногу инвестиции во Македонија за деветте месеци дошле од Германија 23,20 милиони евра, потоа од Турција 23,14 милиони евра, од Италија 12,46 милиони, Луксембург 11,48 милиони и Бугарија 11,72 милини евра.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e