НБРМ годишно уништува по 15 милиони банкноти!?

Ги перат во машина за алишта, ги кинат и ги лепат со селотејп, ги бојадисуваат со лак за нокти или со друга боја. Иако им се ептен важни за квалитетот на живот, граѓаните често ги уништуваат банкнотите што ги користат во секојдневието.

А сите искинати, дотраени, испрани пари, завршуваат во Народната банка. Таму за секоја од нив без надомест се добива нова.
Според последните информации од НБРМ во последните неколку години, се уништуваат од 13 до 15 милиони банкноти годишно.

За пет години заменети се речиси 50 милиони пари. Од централата не соопштуваат колкави количества банкноти имаат испечатено за да ги чуваат како резерви.

Сме искинале милиони

За да ги заменат, парите треба да се неупотребливи, но тенденцијата на централната банка е сепак во употреба да има повеќе нови од стари банкноти.

Има и посебни правила кои пари се соодветни за употреба, но секако такви не се тие од кои е искинат дел или кои сена пример испрани, па е уништен делумно и целосно изгледот на парата. НБМ навреме ги заменува парите и секогаш има резерви од сите банкноти.

Сепак, колку банкноти се чуваат како резерви не се открива.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e