На повидок нафтена криза во Македонија?

Дали студот ќе донесе нафтена криза? Цистерните заглавени на граница, а нафтоводот Солун Скопје не работи. Откако поларните темепратури  го замрзнаа протокот на камиони на граничниот премин Евозни. Во мегупросторот останаа заглавени околу 70 товарни возила. Иако денеска рампите се кренати, протокот е забавен.
Во меѓувреме резрвите се трошат, а единственио алтернатривен пат за дотур на нафта, нафтоводот скопје солун не функционира. Владата веќе извесен период не дава зелено светло за нафтата да протече, дознава 24 Вести. Иако цевководот е исчистен уште од летоска, што беше услов за да се добие дозвола за нафтоводот. министерсво за економија не ја издава потребната лиценца..
 
Од седиштето на Хеленик Петролеум во Атина велат:
„Нафтоводот Вардакс Солун – ОКТА е подготвен да биде ставен во функција веќе неколку месеци. Нафтоводот е исчистен од остатоците од суровата нафта и е подготвен за трансфер на дизел гориво. Се уште е во тек процесот за добивање лиценца, којшто беше одложен заради техничките детали што може да се решат. Хеленик Петролеум наведува дека трансферот на горива преку нафтоводот гарантира непречено снабдување, квалитет и количина на пренесените производи, независно од условите на патот. Делегацијата предводена од Главниот извршен директор, г-дин Григорис Стергиулис, во текот на 2016 година двапати се сретна со надлежните органи, но не е постигнат забележителен напредок. Од страна на Хеленик Петролеум, ние исто така, наведуваме дека сме подготвени да ги продолжиме разговорите со Владата, со цел да се реши ова прашање, да се најде решение и нафтоводот да се стави повторно во употреба.“
Од Министерството за Економија велат за да профункционира нафтоводот  неопходно е решение за ставање во употреба на нафтоводот од државениот инспекторат за техничка за инспекција.
„На претпријатието Вардакс АД подружница Вардакс Скопје, Регулаторната комисија за енергетика има издадено лиценца за вршење енергетска дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод од 28.04.2011 година која е со важност до 28.04.2046 година. Согласно Законот за енергетика правата и обврските на вршителите на енергетски дејности се утврдуваат со лиценца.“ – велат од Министерството.
Во предметната лиценца помеѓу другото е утврдено дека носителот на лиценца е должен да ги користи и одржува објектите, уредите и постројките во согласност со техничките прописи и стандарди и другите прописи за сигурно и безбедно работење и заштита на животната средина.“
Директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција Екрем Буњаќи  не препрати да разговараме со надлежениот инспектор главен на одделението за издавање на решенијата Славчо Петровски, кој пак вели дека не е побарано од нив да издадат решение. Но, се оградува дека можно е и да има барање во периодот додека тој бил на боледување.
Цефководот долг 213 километри беше во функција  до 2013 година, кога се стопира употребата поради застој на рафинеријата по што Окта стартуваше операција на пренамена на  постоечкиот нафтовод на сурова нафта во продуктовод со цел пренос на дизел директно до рафинеријата. ОКТА  е клучен увознинк на гориво кој снабдува дури 70 % од потребите во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e