ЕБОР: Откажан кредитот од 65 милиони евра за Бошков мост

Европската банка за обнова и развој го откажа кредитот во износ од 65 милиони евра наменет за изградба на Бошков мост.

Денеска во писмена изјава до медиумите наведува дека кредитот на ЕБОР беше достапен пет години и оти неговото користење истече бидејќи не биле задоволени условите за негово реализирање.

– До сега, како што стои во писмената изјава, нема никакви префрлување на средства по овој проект и кредитот е откажан.

Хидроцентралата Бошков мост, ЕЛЕМ требаше да ја гради во Националниот парк Маврово. Еколошката дозвола, Министерството за животна средина и просторно планирање е издадена во 2012 година. Реакција на реализација на овој проект имаше од еколошките друштва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e