Живеењето во близина на булевар, негативно влијае врз развитокот на детските бели дробови

Една студија покажала дека ризикот од развој на карцином на белите дробови кај децата кај оние кои живеат на 50 метри од прометна улица е за 10 пати поголем, пишува BBC.

Истражувањето спроведено во 13 градови во Велика Британија и Полска укажало на тоа дека поради загадувањето на воздухот е поверојатно да се развијат срцеви заболувања, мозочен удар, срцева слабост и бронхитис.

Експертите од лондонскиот Кинкс Колеџ анализирале 13 здравствени состојби на луѓе кои живеат во подрачка на голема загаденост и ги споредиле со оние на општата популација.

Тие не биле фокусирани само на податоците за хоспитализирање и смртни случаи, туку и за симптомите како воспаление на белите дробови.

Испитувањето покажало дека загадувањето на воздухот го успорил развојот на белите дробови за околу 14% во Оксфорд, 13% во Лондон, 8% во Бирмингем, 5% во Ливерпул, 3% во Нотингем и 4% во Саутемптон.

Посочија дека намалувањето на загаденоста на воздухот за една петтина во споменатите градови ќе резултира со намалување на бојот на случаи на бронхитис кај децата.

– Загадувањето на воздухот на невидлив начин негативно влијае врз нашето здравје, а осеобено врз здравјето на нашите деца – рекол д-р. Роб Хјуз, соработник на Фондацијата Чист воздух.

– Истражувањето открива јавна здравствена криза која ги погодува луѓето низ Велика Британија, што укажува дека сите политички партии мора да му дадат приоритет на чистиот воздух во градовите – додал тој.

Според WHO, чист воздух се смета оној кој во текот на целата година не содржи повеќе од 40 микрограми азот диоксид на кубен метар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e