Имате стрес? Лего измисли начин како да се справите со него

Данската компанија Лего лансираше Lego Form, сет коцки кој е наменет за возрасни лица со цел да им се намалат стресот и анксиозноста и да го подобрат нивното психичко здравје.

За овој креативен проект Лего направи сет коцки кои доаѓаат во облик на ајкула и шарени риби со механизам кој овозможува нивно движење низ вода.

Проектот е конципиран со основна идеја дека активноста која комбинира органски облици и механичка конструкција може да го подобри психичкото здравје.

Покрај така наречените технички елементи кои се користат за сложување на технички функции, во сетот се наоѓа и опрема благодарение на која рибата може да се движи.

Овој проект го покрена Lego Ideas, платформата на брендот за иновации со отворен код која ја финансира по пат на кампањата crowdfunding Indie GoGo.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e