За љубителите на вкус на лимон: Направете ги овие домашни колачи

Вкусот и аромата на лимонот дефинитивно се омилени меѓу многу луѓе, освежувачки се, а на десертите им даваат прекрасен шмек.

Ако сте меѓу нив, тогаш сигурно ќе ви се допадне следниов рецепт:

Потребни намирници:

325 г брашно
175 гр путер (собна температура)
125 гр шеќер
2 големи лимона
1 јајце
Лажиче прашок за пециво
Половина кесичка ванилин шеќер (4 g)
Една лажичка екстракт од лимон
Лажиче сол

Начин на подготовка:

Ставете брашно, прашок за пециво и сол во сад и измешајте.

Добро измијте ги лимоните. Изрендајте ја нивната кора на ситната страна од рендето. Исцедете сок од една половина лимон.

Во друг сад изматете го мекиот путер, шеќерот, јајцето, ванилиниот шеќер, екстрактот од лимон, сокот и кората од лимон.

Сите состојки измешајте ги, правејќи тесто. Тестото завиткајте го фолија и изладете го во фрижидер најмалку еден час.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Од тестото правете мали топчиња и малку притиснете ги. Наредете ги во плех за печење, на хартија. Со вилушка направете линии на површината на секое колаче.

Печете 10-15 минути. Пред печењето намалете ја рерната на 180 степени.

Колачињата оставете ги да се изладат пред да ги послужите со чај или кафе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e