(ВИДЕО) Отсекуваат глави, киднапираат и извршуваат атентати: Ова се најопасните мафии на светот, а една од нив доаѓа од Балканот

Мексиканскиот нарко картел претставува најмоќната и најопасната мафијашка организација на светот, тврдат криминолозите. Полициски експерти предупредуваат на брутално однесување на мексиканските мафијаши, отсекување на глава, измачување, атентати, киднапирања.

Најмоќната група со седиште во Нуево Ларед се одликува со поделба на клановите “Bravo” и “Zetas”, кои се во постојана војна против конкурентскиот “Kartel del Noreste”.

На второ место е италијанската мафија со најбрутални претставници: “Koza Nostra”, “Sakra Korona Unita”, “Ndrangeta” и “Gomora”.

Тие освен со наркотика се занимаваат и со рекетирање, лихварство, мито и корупција, шверц, подметнување, коцкање и илегално крадење. Италијанските мафијаши остваруваат профит од десетина милијарди долари годишно, но повеќе не се толку моќни како во минатиот век.

На трето место е руската мафија, односно “Solncevskaja bratva”, која претставува мрежа од десет одвоени бригади кои дејствуваат независно, но ја поддржуваат руската страна и заедничките финансии.

Големото надзорно тело го сочинуваат 12 лидери кои ја водат цела организација. Вмрежување со тајните служби им дава специфичен контекст, а главниот бизнис е соработка со произведувачите на мака во Авганистан, помеѓу кои, како што некои тврдат е и американската војска.

Медиумите најмногу ги споменуваат по сексуалното ропство, педофилија како сите останати криминали кои се табу.

Следуваат американските гангстери и улични банди на САД, помеѓу кои посебно опасни се “Crips”, афроамериканска банда основана во Лос Анџелес. Тие се познати по дилерство на дрога, убиства и кражби.


Во САД многу моќни се и латино бандите, кои имаат блиски врски и со мексиканските нарко картели. Најмногу членови доаѓаат од Салвадор, а познати се по бескрупулозната одмазда. Тие убиваат жени и деца на полицајци и правосудни службеници.

Помеѓу петте најмоќни мафии, според проценките на полицајците ширум светот се вбројува и албанската. Крвна одмазда, култ на семејството и специфичен сет на симболи и правила го одвојуваат албанскиот систем од класичната хиерархија.

“Кошница” или пазар ја водат членови кои сите имаат некој приход. Производство, преработка, транспорт и чување на дрога се криминалите кои ги делат помеѓу себе.

Британските медиуми коментираат дека помеѓу најмоќните мафии нема Колумбијци и Јапонци, кои традиционални имаат силни криминални организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e