(ВИДЕО) Меган ја насмеа кралицата

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пристигнала во Честер, како придружба на кралицата Елизабета,и ова е нејзино првво учество во кралска должност.Тоа воедно било и’ прво заедничко појавување на војвотката и кралицата во јавност, зардаи отварањето на културен центар со театар, библиотека и кино во Честер.

Бившата глумица уживала во патувањето со кралскиот воз во друштво на кралицата, и тоа неполн месец по венчавката за принцот Хари, за разлика од војвотката од Кембриџ,Кејт Мидлтон, која со кралицата во јавност се појавила девет месеци од своето мажење за принцот Вилијам.

Медиумите пишуваат дека се минало одлично, иако при влегувањето во автомобилот настанала збунувачка ситуација. Имено, Меган ја пуштила кралицата прва да влезе, а потоа сепак се премислила и предложила да се заменат.

Според Daily Mail, причина за замената било тоа што кралицата прва требало да излезе од автомобилот, при доаѓањето во Честер пред собраните обожаватели и дека на Меган и било кажано да влезе прва, но таа се збунила и ја пуштила кралицата да влезе прва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e