Три астро-парови што не можат да се поднесат

Постојат луѓе во нашите животи со кои сакаме односот вечно да ни трае. Понекогаш овие се колеги со кои работиме, пријатели или личности во кои се вљубуваме.

Од друга страна пак, ги има и тие со кои тешко можеме да воспоставиме траен однос, но и оние со кои едноставно, не можеме да се поднесеме.

Ова се три астро-парови кои воопшто не си одговараат во ниту еден аспект:

Овен и Вага

Овој хороскопски пар е навистина некомпатибилен, поради тоа што Овните се диви, експресивни и страствени, а Вагите мирни и колебливи. Поради ова, тешко може во прв момент да се појави хемија, но и ако некако се случи тоа, не постојат параметри според кои Овенот и Вагата би задржале траен однос. Нивните врски завршуваат со тешки караници и навреди, што ниту најсилната љубов не може да ги победи.

Бик и Јарец

И Бикот и Јарецот го сакаат целото внимание врз себе, но тешко се одлучуваат да го дадат своето. Сакаат на целиот свет да му покажат колку се поединечно супериорни, па во даден момент почнуваат еден на друг да гледаат како на конкуренција. Љубомората и посесивноста која ја имаат и двата знака исто така е лоша основа за каков и да е нивни меѓусебен однос.

Водолија и Лав

Меѓу нив не постои толеранција уште од моментот на запознавање, најмногу поради различната енергија со која зрачат. Затоа, хармонија меѓу овие два хороскопски знака е практично невозможна. Исто така, и Лавовите и Водолиите сакаат да испробуваат нови нешта, а тоа вклучува и ситни авантури во текот на врската, кои се навистина погубни за нивниот однос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e