Тој точно знае како да направи да се чувствувате посебно, овие знаци укажуваат дека е женкар

Тој точно знае како да освои жена. Знае што треба да направи или да каже со цел вие да се чувствувате посебно. Може ви се чини како идеален маж, но размислете за неговите намери.

1. Бира одреден тип жени

Женкарот е слаткоречив, љубезен и полн комплименти, а најчесто „лови“ жени кои имаат ниска самодоверба. Со вистинскиот избор на зборови тој ќе добие тоа што го сака, а тоа е секс. Но штом ќе ве одвлече во постела, губи интерес. Често го бие лош глас, па најдобро би било да бидете внимателни со него.

2. Вие сте таа која ја чекал

Тој сака да претерува и веќе при запознавањето тврди дека вие сте таа која ја чекал цел живот. Таа реченица најверојатно ја кажал мал милион пати, за што сведочат и истиот толкав број на пропаднати врски. Тој сака само да ги задоволи своите сексуални апетити, а на првиот знак за проблем, веќе бара друга. Многу врзо влегува во врски, а уште побрзо излегува од нив.

3. Тој знае како ќе се чувствувате посебно

Женкарот е вешт играч кој научил како да направи се за жените да се чувствуваат посебно, Но првиот црвен знак е претерувањето со романтични гестови. Со нив сака да ги камуфлира своите маани и да ја скрати несигурноста, а тие се воедно доказ дека за тоа има пракса.

4. Не промашил ниту една

Иако тврди дека вие сте му единствена, тој во секој жена гледа прилика. Неретко во ваше присуство гледа други жени, флертува со нив па дури и коментира или ве споредува. Таков маж ретко се врзува, а доколку влезе во сериозна врска, партнерката постојано стравува дека ќе го изгуби.

5. Постои причина зошто не ви се обраќаат со име

Тој на својата партнерка најчесто и се обраќа со надимак. Иако тоа на почетокот може да биде шармантно, со време ќе дојде прашањето „зошто никогаш не го изговара моето име?“ Женкарот сака да ја избегне ситуацијата во која може вашето име да го замени со некое од поранешните девојки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ