Сте забележале ли како губите интерес кон оние кои го имаат кон вас?

Секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација да му се допадне некој, да почне да го „брка“, да покажува интерес и кога тоа ќе му биде возвратено, да се повлече.

Вистински феномен, зарем не? Токму во овој феномен лежи и причината дека секогаш повеќе сакаме нешта што ни се недостижни, поради субјективното чувство дека она што ќе не направи среќни е далеку од нас.

Добрата вест е што не сте сами во ова, бидејќи им се случува на повеќе луѓе отколку што можете да претпоставите.

Всушност, луѓето ги посакуваат оние нешта за кои мислат дека се предобри за нив, било да е тоа „недостижна“ личност, скап предмет или патување кое во моментот не можат да си го дозволат.

Така и во интересот за луѓето. Често љубовта и привлечноста ги мешаме со фасцинацијата од личноста и тоа е причина зошто имаме тенденција да сме незаинтересирани за оние кои се видно заинтересирани за нас.

Ваквата приказна има две страни: возбуда поради успех и обесхрабрување поради неуспех. Сосема е нормално откако некого ќе запознаете да сфатите дека не е за вас, иако претходно би скршиле нога трчајќи по него.

Од друга страна има и клучен момент кој се крие во вашето его – мислите дека има подобро, но и се прашувате дали сте вредни за нечија љубов.

Кога би успеале да се изборите со егото, би биле поотворени за нови шанси и запознавање прекрасни луѓе кои вреди да ги имате во својот живот.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e