Што значи ако сте сонувале змија?

Соновите најчесто се одраз на она што го мислиме, посакуваме или нè мачи во текот на денот.

Секој сон до вас испраќа порака од вашата потсвест, а на вас е дали ќе го прифатите тоа значење или ќе го занемарите. Сосема е нормално да сте скептични, исто како што е во ред да верувате дека сонот носи некакво значење.

Според Фројд, змијата во сонот симболизира машка енергија, но и сексуалност. Ако сте решиле дека ќе го толкувате својот сон, тогаш треба да обрнете внимание на деталите, јасноста и субјективното чувство на реалност на самиот сон.

Ова се најраспространетите значења на соновите во кои се појавува змија, кои потекнуваат од најразлични култури:

– змијата е симбол на вашиот несвесен дел

– таа покажува дека сте во процес на оздравување од некоја болка или решавање на важни прашања

– таа исто така, го симболизира и неискористениот дел од вашиот потенцијал

– змијата може да е симбол на вашата интуиција и духовниот аспект на вашето постоење

– може да сонувате змии во периоди кога на јаве доживувате големи промени и трансформации

– ако се плашите, значи имате потешкотија со некоја животна ситуација

– ако ја чувате како миленик, во реалноста имате пријатни промени, за кои може не сте ни свесни

– ако ве прогонува, значи дека сте во комплицирана ситуација во реалниот живот

– ако ве гризне, треба да обрнете внимание на нешто што го избегнувате или заобиколувате, а и да се соочите со стравовите

– ако сонувате како зборувате со змија, значи дека конечно почнувате да го запознавате потсвесниот дел од себе

– ако испушта отров, тоа значи дека ви праќа порака дека имате некаков „отров“ и на јаве

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e