Руски земички со кашкавал

СОСТОЈКИ
– 1 јајце
-200 мл кефир
– 300 г брашно
– 200 г кашкавал
-1 лажица масло
– 1 лажичка прашок за печиво
– прсотфат сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Во еден сад измешајте ги јајцето, кефирот, маслото и солта. Во друг сад измешајте го брашното со пецивото, па додајте ја мешавината со кефир. Замесете меко тесто кое лесно се лепи за рацете. Ако треба додајте малку брашно но не претерувајте. Развлечете го во кора дебела околу 5мм, па по нејзе посипете го ренданиот кашкавал. Свиткајте ролат, притиснете ги краевите да не испаѓа кашкавалот, па исечете резанки. Една по една свиткајте ја во топче и со сукало развлечете ја на дебелина од околу 5 мм. Загрејте го маслото во тава и пржете ги земичките на средна температура додека добијат убава златно жолта боја. Вадете ги на хартија за да се впие вишкот од мрснотија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e