Родител или монструм: Татко со години ги злоставувал своите малечки ќерки, ги силувал 800 пати

Маж од германската покраина Тирингија е обвинет за сексуално злоставување на своите ќерки, дури 800 пати во период од шест години.

Јавниот обвинител од градот Мулхаузен подигна обвинение против овој 43 годишен маж, објави портпаролот денеска.

Човекот е обвинет дека во повеќе наврати меѓу 2012 и 2018 година ги злоставувал своите две ќерки, кои сега имаат 12 и 14 години.

Се верува дека помладото девојче на својата мајка злоставувањето и го открило во март, која потоа ја известила полицијата.

Обвинетиот татко е фатен на своето работно место не многу долго после пријавувањето и сега е во притвор.

Јавниот обвинител потврди дека таткото ги признал поголемиот дел од обвиненијата, но не го признава насилничкото однесување.

Истражителите претпоставуваат дека злоставувањата се случувале еднаш или два пати неделно, а мајката вели дека ништо врзано со злоставување на забележала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e