Редок примерок од првата книга „Хари Потер“ продаден за неверојатна сума

Редок примерок од првото издание на книгите за Хари Потер е продаден на аукција во Велика Британија за 46.000 фунти. Првите сопственици ги сочувале повеќе од 20 години.

Се работи за издание на „Хари Потер и каменот на мудроста“, со тврд повез, а семејството кое ја поседувало се одлучило на ваков чекор откако чуле дека овие изданија имаат висока колекционерска вредност.

Се работи за издание од 1997 година и е многу ретко, бидејќи било издадено во многу малку примероци. Очекуваната цена била меѓу 25.000-30.000 фунти, но понудите пристигнувале од многу страни и стигнале до таа цена.

Исто така, книгата била одлично сочувана, како штотуку да излегла од печатница, а тоа значајно ја покачило цената на примерокот.

Првото издание било испечатено во 500 примероци, од кои само 300 се продавале во книжарниците, а останатите Џ.К. Роулинг ги подарувала на пријатели. На аукциите се нашле и оние примероци кои биле потпишани од неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e