Првите фотографии од суперавтомобилот SCG003S

Компанијата SCG полека се подготвува за претставувањето на продукциската верзија на суперавтомобилот SCG003S на Саемот за автомобили во Женева идната година, а сега ги објави и официјалните фотографии.

После неколку тизери, компанијата Scuderia Cameron Glickenhaus (SCG) конечно го објави официјалниот изглед на својот продукциски автомобил, а од фотките може да се види подобрениот дизајн во однос на прототипот кој беше виден нешто претходно.

SCG003S има дел од карактеристиките на својот брат наменет за тркачките патеки, а и самиот може да се пофали со импресивни перформанси.

Автомобилот се движи на 4,4-литарски V8 мотор кој развива 750 КС, а тоа е доволно за максимална брзина од 350 km/h. SCG вети дека нивниот автомобил ќе биде најбрз во кривините од сите останати кои се моментално на пазарот. До “стотка” автомобилот пристигнува за 3 секунди.

Овој автомобил се произведува рачно во Италија, а каросеријата ќе биде во целост изработена од карбонски влакна. Покрај силниот мотор, аеродинамичниот дизајн е задолжен за врвните перформанси, а сега за сега не е позната цената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e