Призна ужасно злосторство: Ирачанец потврди дека силувал и убил 14 годишно девојче во Германија

Полицијата во Багдад соопшти дека денеска 20 годишниот Ирачанец Али Башар, обвинет за силување и убиство на 14 годишното девојче Сузан Фелдман во Германија ја признал вината.

Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер кажа дека во петокот курдските безбедносни сили го уапсиле обвинетиот Башар, кого го индетификувале германските безбедносни сили.

-Им наредив на тројца полицајци да го истражат случајот. После седум часа, полицајците успеаја да го идентификуваат и да ја пронајдат неговата локација, а потоа да го уапсат, кажа шефот на локалната полиција во Ирак, Тарик Ахмед.

Башар би требало денеска да биде предаден во Германија. Фелдман е пронајдена мртва во средата во шума покрај Визбаден недалеку од центарот за бегалци каде обвинетиот наводно живее, соопшти германската полиција.

Со обдукцијата е утврдено дека девојката била жртва на сексуален напад, но нема докази дека напаѓачот го провоцирало нејзиното еврејско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e