Прекрасни собни цвеќиња кои цветаат цела зима

Собните цвеќиња се најубавиот украс за ентериерите, особено оние кои имаат убави цветови преку целата година.

Во продолжение прочитајте кои собни цвеќиња можете да ги имате дома, а кои ќе цветаат во текот на целата зима и ќе го облагородуваат просторот.

Циклама

Ова е едно од најпознатите собни цвеќиња. Може да ги најдете во темно розова, лилјакова, темно црвена и бела боја. Дури и изгледот им е навистина уникатен.

Африканска љубичица

Имаат темно зелени листови и цел „грозд“ цветови, кои можат да бидат сини, виолетови, розови, бели, па дури и темно црвени. Се разликуваат и по обликот на латиците.

Орхидеја

Орхидејата е многу декоративно растение со прекрасни цветови, кои може да бидат еднобојни или пак, шарени. Повеќе за нивното одгледување можете да дознаете на следниот линк:

Направете ги овие работи, за орхидејата почесто да цвета

Антуриум

Се рабори за многу елегантно растение кое не е лесно за одгледување. Морате да ги следите инструкциите на цвеќарите. Најчесто е во црвена боја, но го има и портокалова, бела, жолта или розова.

Божикна ѕвезда

Ова е најпопуларното зимско цвеќе. Го има во најразлични бои, од црвена, па бела, крем, жолта, розова… Како да ја одгледувате прочитајте на следниот линк:

Како правилно се одржува популарната божикна ѕвезда?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e