Познати парови кои добиле деца преку сурогат мајка

Првите две деца на сопружниците Вест, Норт и Сеинт ги родила Ким, а Чикаго и Псалм биле донесени на овој свет од сургат мајка, за која најмногу се зборуваше.

– Многу сме благодарни на нашата сурогат мама која ни овозможи остварување на соновите со најголем подарок кој може да го добиеме – напишала Ким во 2018 година, по раѓањето на ќеркичката Чикаго.

Поради компликации во првата бременост, Ким и за четвртата користеше сурогат мајка.

Меѓутоа Ким и Кајне не се единствените кои станале родители на тој начин. Актерката Сара Џесика Паркер и Метју Бродрик, нивните ќерки исо така дошле на свет во 2009 година со помош на сурогат мајка.

Потоа, Неил Патрик Харис, најпознат по улогата на Барни Стинсон во серијата How I Met Your MOther и неговиот сопруг Давид Биртка добиле близнаци со помош на сурогат мајка и донор.

– НАјдовме донор, анонимно, користејќи пресмешен процес на листање низ разни профили, а потоа и неверојатна сурогат мајка која веќе им помогнала на хомосексуални парови и порано – рекол Харис во едно интервју.

Меѓу останатите, во оваа група се најдоа и починатиот музичар Мајкл Џексон. Тој, најмладиот син го добил токму со помош на непозната сурогат мајка во 2002 година.

– Се одлучивме на сурогат мајка за да имаме свои деца, а коцките многу брзо се поклопија – рекол пејачот Елтон Џон во едно интервју.

Сега тој и Давид Фрниш се татковци на два сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e