Постојат правила кои тестенини со каков сос најдобро одговараат

Во светот постојат повеќе од 350 облици и видови тестенини. Тие се можеби најпопуларниот избор за брз оброк, но тоа не значи дека треба да се подготвуваат „од око“, без размислување зошто всушност постојат толку форми.

Луѓето најчесто во продавница ги купуваат оние кои им се напривлечни за око или формата им изгледа интересна. Но, врвните гастрономи точно знаат со каков сос се комбинираат шпагетите, со каков правите макарони, а со каков оние тестенини што наликуваат на школки.

Ова се неколку практични совети, со чија помош ќе научите да правите совршени тестенини.

Тестенините бирајте ги според густината на сосот. Лесните сосови, со потечна конзистенција, најдобро одговараат со потенки тестенини. На пример, обичниот доматен сос со зачини, алфредо или масло со лук комбинирајте со шпагети или со тенки таљатели.

Густите сосови подобро одат со поголеми и подебели облици на тестенини, во кои сосот подобро ќе се впие. Оние со рапава текстура или тие што личат на спирали подобро впиваат и задржуваат сос во себе.

Широките резанци, познати и како јувки, се послужуваат со густи и кремасти сосови во кои може да има парчиња печурки или зеленчук. Ако сакате зачинети сосови со густа текстура, изберете пене (широки, прави и дебели макарони) или оние со облик на спирали.

Ако сакате да направите тежок сос со многу состојки, тогаш изберете ги тестенините со облик на школка, бидејќи тие освен што впиваат доволно сос, во празнината задржуваат голема количина од состојките.

Оние со облик на полжав, како и спиралните, се одличи за познатиот песто сос, но и сличните на него, кои содржат доста суви состојки. Што се однесува на популарното болоњезе, наместо со шпагети, подготвувајте го со таљатели, ќе добиете навистина подобар оброк без многу труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e