Погледнете кои се НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ филмови на деценијата

Најпопуларните филмови кои ја воодушевуваат публиката не се секогаш оние кои најмногу влијаеле на филмската индустрија, отсликале дух на едно време или го смениле начинот на кој го гледаме светот.

The New York Times објави листа на највлијателните филмови на деценијата кои го смениле светот на забавната индустрија, ја политизирале сегашноста, а нивното влијание се покажало низ расправиите кои биле предизвикани во јавноста.

1. American Sniper (2014)

Срамата на Клинт Иствуд за снајперистот Крис Клеј својата премиера ја имаше на Божиќ 2014 година, а се најде на врвот на листата за must see филмови. Филмот ја подели американската публика. Додека едни сметаа дека промовира оружје, други тврдеа дека најдобро ја отсликува политичката ситуација врзана за оружјето.

2. Marvel’s Thе Avengers (2012)

Иако ниту серијалите, ниту темата за суперјунаци не се ништо ново во филмската индустрија, овој филм ги собра сите суперјунаци и ја воодушеви публиката, па така ја зациментира доминацијата на Мервел.

3. Black Fish (2013)

Бројни документарци се трудат да ја подигнат свеста за еколошките проблеми, а Габриела Каупитвајт тоа успеа да го направи, покажувајќи ги злоставувањата на китовите во SeeWorld. Овој филм ја смени перцепцијата на јавноста, работењето, фирмите и законот.

4. Bridesmaids (2011)

Овој филм не беше само уште една комедија која се занимава со венчавка, туку го смени сексистичкото клише дека жените не можат да бидат смешни, а од актерката Мелиса МекКартни направи ѕвезда.

5. Frozen (2013)

Елса не само што ја покажа својата моќ, туку ја покажа и моќта на женската публика која од Frozen направи еден од најпопуларните анимирани филмови во историјата, па така Дизниевата традиција беше прилагодена на новата генерација.

6. Get Out (2017)

Овој филм ги помеша жанровите хорор и пострасистичката реалност на Соединетите Држави. Бидејќи излезе откако Доналд Трамп застана на чело на државата и го замени Барак Обама, послужи и како слика на едно време во кое е тешко да се одлучи што е хорор, а што сатира.

7. The Hunger Games: Catching Fire (2013)


Вториот дел од франшизата го утврди статусот ѕвезда на Џенифер Лоренс, а стана и првиот филм со женска главна актерка кој се најде на врвот на најпопуларните филмови. Катнис Евердин стана нов архетип жена во филмската индустрија. Прикажана е како бунтовничка и војничка отколку како принцеза.

8. Moonlight (2016)


Овој нискобуџетен филм со влијание од европската и азиска арт сцена влезе во историјата на Оскарите како прв најдобар филм кој имаше режисер со афтоамериканско потекло, откако, како што наведуваат од магазинот, систематскиот расизам кој траел со децении.

9. Okja (2017)

Филмот на Нетфликс за девојката и нејзината генетскимодифицирана свиња ја потресе индустријата, бушејќи ја границата меѓу малите и големите екрани. Беше прикажан во 2017 година, на филмскиот фестивал во Кан и беше прв филм на Нетфликс прикажан на големото платно.

10. Star Wars: The Force Awakens

Започнувајќи нова триологија, овој филм ја зеде енергијата на оригиналните филмови, но повеќе простор им даде на жените , како и на актерите кои не се белци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e