Парите и луксузот се главна опсесија на бикот, лавот сака надмоќ

Овнот е опседнат со шопинг

Припадниците на овој знак се бестрашни и ентузијастични во сите полиња од животот, па и во своите мали опсесии. Постојано бараат нешто ново во животот, а тука гладот најчесто го задоволуваат со неколкучасовен шопинг. Нивната опседнатост со пазарување оди од крајност во крајност во толкава мера што потполно им го презема животот.

Парите и луксузот се главна опсесија за бикот

Биковите се стабилни, упорни и издржливи, а квалитетите им помагаат да стекнат добра позиција на работа. Не се плашат да работат напорно, а сето тоа со една цел, да стекнат што повеќе пари. Длабоките сметки им овозможуваат уживање во луксузот кој го ценат еднакво како и парите, но не се устручаваат да го трошат и на останатите.

Близнаците се опседнати со техника

Живите и друштвени припадници на овој знак се опседнати со техника, која им овозможува подобра комуникација со сите кои ги сакаат. Тоа е нивното видување во светот,а ги обожуваат поради слободата која им ја даваат. Слаби се и на модата па подготвени се цел дена да го потрошат на комбинирање на новите трендови.

Ракот цели кон успехот

Чуствителните ракови секогаш се подготвени да помогнат, но само доколку тоа не се коси со нивните уверувања. Тие јасно ги искажуваат своите ставови и на сите им покажуваат што им се допаѓа, а што не. Целат кон успехот и подготвени се за тоа да одат и зад своите граници. Тој успех најчесто е поврзан со приватниот и семејниот живот.

Лавот има главна опсесија- надмоќ

Припадниците на овој знак имаат одредена аристократска особина која ги тера да бидат најдобри во се. Токму тоа е нивната најголема опсесија, надмоќта и супериорноста над другите. Сакаат да покажат дека одлично се снаоѓаат на сите животни полиња.

Девицата е опседната со ред

Педантните девици се опседнати со ред до таа мера што животот често им се врти околу тоа. Најмногу од се ја ценат точноста и дисциплината, а доколку некој и го поремети тоа се претвораат во вистински кралици на драмата. Опсесијата совршено ја имплементираат во секојдневниот живот, што се граничи со опсесивно-компулсивно растројство.

Вагата е жедна за рамнотежа

Вагите се склони кон претерани анализирања, затоа и не чуди тоа што се опседнати со животна рамнотежа. Тој баланс настојуваат да го постигнат со убави работи, било дали е накит, патувања или облека. Проблемот во ова е тоа што својот нагон не можат да го контролираат па шопингот може да ги исфрли од колосек.

Скорпиите се опседнати со лојалност

Припадниците на овој знак се познати по својата мистериозна и посесивна природа па во животот најмногу сакаат искреност и лојалност. Тие сакаат односи полни доверба, а за своја опсесија ја сметаат желбата за знаење. Не се срамат да го покажат своето знаење без разлика колку им одат на нерви на останатите.

Патувањата им се главна опсесија на стрелците

Токму како и овните и стрелците најмногу сакаат авантура и активност. И додека другите се опседнати со надмоќ и искрени односи, нивната мала опсесија се патувањата и ќе направат се само почесто да патуваат. ЕДинствено така можат да ја потрошат вишокот енергија по која се толку многу познати.

Јарецот е опседнат сам со себе

И додека другите знаци се врзуваат за материјални работи, јарците се опседнати со самите себе. Тие имаат егоцентрична црта која ги тера да прават се во своја корист, без оглед на тоа дали ќе повредат некого или не. Ќе се впуштат во лов по успехот и ќе газат по другите, освен доколку стравот за губење нешто не ги натера да се откажат.

Водолијата сака да биде најкреативна

Шармантните припадници на овој знак имаат постојана потреба да бидат најкреативните во друштвото. Постојано нешто создаваат и се вистински иноватори, но тоа повеќе го прават за своја душа, отколку за успех. Иако признанијата им годат, важна им е титулата најкретивен.

Рибите се блиски до „нездравите“ навики

Рибите се сонувачи и живеат во сопствен свет кој го скроиле по своја мерка. Припадниците на овој знак се лабилни и затоа не изненадува тоа што лесно се навлекуваат на нездравите навики како брза храна, коцкање или алкохол. Кога еднаш ќе пробаат стануваат толку преокупирани со тоа што тешко се извлекуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e