Ова се најубавите градови покрај езера во светот!

Оваа година, дестинациите каде што можете да го пронајдете мирот, а истовремено да има и ноќен живот и можност за уживање во водена површина – се најдобриот и најбараниот избор. Во прилог, прочитајте кои се најубавите градови покрај езера, или барем само еден мал избор од нив, и ставете ги на задолжителната листа на места кои морате да ги посетите. Нивните брегови денес се живеалишта на голем број познати светски личности, а прекрасната клима е дополнително, уште еден плус за секој кој ќе одлучи да ги посети.

Лукано, Швајцарија: Еден од најзначајните швајцарски градови, освен во финансиска, така и во туристичка смисла, кој изобилува со прекрасни паркови и градби. Во негова прегратка се наоѓа Медитеранот, кој ќе ве натера да се заљубите во овој град, кој се наоѓа на границата меѓу мало градче и светски град со луксузни услови за живот. Езерото Лукано е една од попознатите карактеристики на градот, кој заедно со планините, е одлична опција за бегство од реалноста.lugano-view2

Комо, Италија:  Езеро кое е познато на европско ниво, сместено на истоимениот град Комо, на 45 километри од Милано, е засолниште на  светскиот џет сет. Секое лето, на бреговите на езерото поминуваат милиони туристи, кои уживаат во скриените убавини. Истоименото гратче било сведок на снимање на голем број познати светски сцени, и не престанува да ги водушевува посетителите, најмногу и поради самото езеро.como_view_from_brunate

Уберлинген, Германија:  Овој град е буквално синоним за здравиот начин за живот и за сите оние кои сакаат да бидат посветени на сопственото здравје. Езерото кое припаѓа на овој град е Констанца, и е дополнитела убавина на градот, кој и онака се грижи за своите жители со пријателската инфраструктура, како и комплетно посветување на здрав начин на живот.

Квинстон, Нов Зеланд: Тука се наоѓа езерото Вакатипу, кое се препорачува на сите љубители на адреналин и авантури. Градот, познат по тоа што нуди задоволување на потребите за екстремен туризам, е една од најпривлечните дестинации, не само во Нов Зеланд, туку и во светот. Прекрасните ресторани кои имаат поглед на езерото, се вистинско уживање.1017_02

Доколку сте во потрага по прекрасни места, кои истовремено ќе ви понудат мир со езерска површина, тогаш овие светски дестинации се меѓу првите кои треба да ги посетите. Не заборавајте да ги овековечите најубавите моменти, за да се потсетувате на овие убавини до следната посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e