Неделен љубовен хороскоп: Романса, состаноци и незаборавни моменти

Откако веќе прочитавте што ви носи хороскопот на секое поле од вашиот живот, време е да се сконцентрираме на она што многумина од нас најмногу го интересира – љубовта.

Овен

Крајно време е да се спуштите на земјата и да престанете да мечтаете за невозможното. Конечно морате да сфатите дека романсата од филмовите е само на екраните и дека треба да се сконцентрирате на реалноста.

Бик

Добро расположение и ведар дух ги очекува сите претставници на хороскопскиот знак Бик. Хемијата меѓу вас и партнерот е постојана и не запира, а сигурно ќе добивате и давате големи дози на љубов и внимание.

Близнаци

Можни се сериозни конфликти на љубовен фронт. Партнерот ќе се чувствува занемарен поради вашите интереси надвор од врската. Овој период не ја очекувајте неговата поддршка во целост, бидејќи малку се лути.

Рак

Раковите се надеваат дека во текот на оваа седмица ќе ги хармонизираат односите со таа една личност која подолг период им е постојано во мислите. Очекувајте поврзување на многу повисоко ниво од физичкото.

Лав

Лавовите имаат преголемо либидо и сексуални апетити, а сигурно нема да им недостасуваат многу жешки моменти, особено во ноќта. За среќа, и нивниот партнер е расположен за истото и нема да имаат никакви проблеми во тој поглед.

Девица

Девиците ги очекува прекрасна недела, без разлика дали се расположени за љубов, романса и бакнежи или не. Сепак, оние кои се расположени за љубов нема да се обѕираат на ниту еден друг проблем.

Вага

Вагите постојано ќе чувствуваат пеперутки во стомакот, но тие ќе потекнуваат од различни места. Но, внимавајте, не е паметно да се вљубувате во пријател или во колега од работното место.

Скорпија

Преполни сте со емоции и имате голема желба за комуникација со лица од спротивниот пол. Но, бидете смирени и непотпаѓајте под влијанието на својата сентименталност и сомнежите.

Стрелец

Во љубовта, всушност, сакате да се изолирате и да бидете осамени. Не сте расположени ниту за дружење, ниту за романтика, а уште помалку за комуникација. Нормално е, дајте си време за себе.

Јарец

Вашата сакана личност не умее да чита мисли, па затоа треба да бидете отворени и да кажувате што ве мачи. Од друга страна, бидете и вие појасни во изразувањето.

Водолија

Водолиите ќе имаат збркана љубовна седмица. Споделувајте информации со пријателите, но само кога и самите ќе бидете сигурни во тоа што го кажувате и тоа што се случува.

Риби

Ви следува вистинска среќа во што и да имате намера да направите. Размислете на тема романтичен дочек на Новата година или пак, вечера за двајца.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e