Не очајувајте: Фејсбук ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта на својот живот

Најновата опција на Фејсбук за љубовни состаноци ќе создаде нова мрежа во внатрешноста на социјалната мрежа . Корисниците кои што сакаат да се приклучат на опцијата “dating” ќе можат да видат други корисници кои се вклучени, но нема да станат пријатели.

Фејсбук и одамна најави дека сака да влезе во светот на онлајн-состаноците, но не беше јасно дали станува збор за посебна апликација или за опција во внатрешноста на самата мрежа.

Според информациите објавени од истражувачот на кодот, Џејн Манчун Вонг, се чини дека „Фејсбук“ започна со тестирање на опцијата.
„Фејсбук дејтинг“ всушност создава нова мрежа во внатрешноста на „Фејсбук“. Корисниците што сакаат да се вклучат во оваа мрежа можат да ги видат корисниците што не се вклучени, но нема да стануваат пријатели. Засега мрежата се тестира меѓу вработените во „Фејсбук“, но со строги правила дека не е наменета за излегување со колегите.

На прв поглед новата мрежа изгледа како повеќето апликации за пронаоѓање партнер што се веќе достапни. Корисникот прикажува пол, избира кого сака да го запознае и избира град во кој моментално се наоѓа за системот да може полесно да предложи слободни личности во близина.

Кога оваа опција ќе стане достапна за корисниците, сѐ уште не е познато. Но сигурно е дека „Фејсбук“ ќе спроведе темелни тестирања и проверки што се однесува до безбедноста на корисничките податоци и приватноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e