Љубовен хороскоп до крајот на годината: Очекувајте големи промени

Движењата на планетите до крајот на 2019 носат многу промени во љубовниот живот на секој хороскопски знак.

Овен

Слободните Овни и понатаму остануваат во потрага по љубовта. Тоа многу тешко им оди. Овните во врска ќе се трудат да го спасат емотивниот живот. За некои следниот период ќе донесе пресврти и можеби ќе раскинат врска во која не се среќни. Некои пак, ќе дадат сè од себе да си ја спасат врската.

Бик

Во текот на есента, Биковите ќе ги „трпат“ последиците од летните авантури. Некои ќе успеат, а други ќе дадат шанса тоа да премине во сериозен однос. Ќе останат и такви кои и понатаму ќе трагаат по сродата душа. Зимата ќе донесе планови за заеднички живот или брак.

Близнаци

Есента донесе шанса за нови почетоци кај Близнаците, најмногу кај оние кои со години избегнуваа сериозни врски. Сега се чувствуваат спремни за таков чекор. Кога ќе дојдат поладните денови, ќе сакаат да се засолнат во прегратките на саканата личност и да се чувствуваат среќно и безбедно.

Рак

Есента ќе биде трнлива за Раковите во врска. Потребни ќе бидат многу компромиси и од двете страни. Слободните Ракови ќе запознаваат луѓе, ќе сакаат да дознаат повеќе за нив, но мислите и понатаму ќе бидат кај точно една личност. Зимата носи шанса за нови почетоци или обнова на нешто од минатото.

Лав

Есента донесе мала доза на „помрачување“ во емотивната страна на Лавовите. Едните ќе се борат за спас на врската, а слободните ќе уживаат во слободата. Зимата пак, носи стабилност, а можно е и враќање во некоја претходна врска, за да се поправи фатална грешка од минатото.

Девица

Можни се обнови на односи кои биле прекинати во првата половина од оваа година. Веќе нема да имате тајни пред партнерот. Овој период ќе ви донесе навраќања на љубовното минато, на вас е само да процените дали треба да давате уште една шанса или пак, да продолжите напред.

Вага

Оние кои успеале да го сочуваат односот досега, нека бидат мирни, есента и зимата ќе им бидат доста стабилни. Слободните Ваги се препуштаат на страстите. Зимата носи мирни и убави меѓусебни односи. Сите врски и бракови кои имале премрежја, во тој период ќе се стабилизираат.

Скорпија

Со доаѓањето на есента, сите изместени нешта се враќаат во ред. Точно знаете на што сте, но морате да се потрудите и тоа навистина добро за така и да остане. Зимата ќе ви врати контакт кој одамна го имавте изгубено и иако не очекувате, ќе се развие стабилен и квалитетен однос.

Стрелец

Стрелците кои се во врска ќе имаат мали проблеми, бидејќи во нивните мисли шетаат и други личности. Слободните ќе се свртат кон минатото, но не за да се вратат некому, туку да се потсетат на научените лекции. Дури и во зима низ врските ќе се провлекуваат нерешени проблеми.

Јарец

Јарците оваа есен ќе имаат шанса да ги стабилизираат односите со саканата личност. Слободните пак, уживаат во својот сингл статус. Со поладните денови, ќе дојде до смирување кај двете страни. Сингл Јарците конечно добиваат шанса за нешто невообичаено и романтично.

Водолија

Некои љубовни ситуации е невозможно да бидат спасени, колку и да се трудите. Затоа, пуштете ги нека си одат, а вие ориентирајте се кон нешто ново. Доколку ја преживеете есента, во зимата претстои поволен период за стабилизирање на лошата врска, но само доколку има желба за компромис.

Риби

Рибите имаат неодолива желба да се впуштаат во тајни и мистериозни, па дури и забранети љубовни односи, како слободните, така и оние кои веќе се во врска. Ова е краткотрајно, а со доаѓањето на зимата, доаѓа и стабилност на љубовно поле кај сите претставници на овој знак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e