Лесна вечера: Салата од печено цвекло и пикантни додтоци

Цвеклото е една од намирниците кои во себе содржат големи количини хранливи материи, благодарение на кои ќе ја подобрите крвната слика, а нема да направи тежина во стомакот пред спиење.

Потребни состојки:

4 средни цвекла
Еден врзоп магдонос
100 гр пропржени кикирики
3 лажици балсамико
Сок од еден лимон
Маслиново масло
Сол и бибер
Чили

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 250 степени. Цвеклото добро измијте го. Секое парче исушете го со хартиено марамче и потоа завиткајте го во алуминиумска фолија. Печете ги околу еден час. Откако ќе се изладат, внимателно излупете ги.

Исечете ги на парчиња по желба, зачинете и измешајте. Врз цвеклото додадете ги кикириките. Можете и да ги измелете на покрупни парченца.

Врз салатата ставете го ситно исецканиот магдонос и прелијте со балсамико, сок од лимон и маслиново масло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e