Кое е најнеточното клише за вашиот хороскопски знак?

Без разлика дали верувате или не во хороскопот, многу е веројатно дека сте чуле коментари или општи верувања поврзани со вашиот знак. Така, јарците ги бие глас дека се тврдоглави, раковите преемотивни, лавовите арогантни, но астрологијата е далеку покомплексна од ова генерализирање.

Според оние кои професионално се занимаваат со астрологија, секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни страни, но на една личност не може да ѝ се суди само врз основа на зодијакот.

Прочитајте кои се најчестите клишеа поврзани со вашиот хороскопски знак и проценете дали се вистинити или не.

Овенот е неконтролирано импулсивен

Овенот е отворен знак, кој секогаш реагира на неправда, но тоа не значи дека е опасно темпераментен или дека не знае да се контролира. Всушност, тие многу анализираат и реагираат соодветно на ситуацијата, особено ако треба да се одбранат. Затоа, не велете дека не можете да бидете пријател или партнер на Овен, бидејќи тие всушност одлично знаат да се „носат“ со себе.

Биковите се мрзливи

Во суштина, Биковите може да работат посветено и напорно долг период, без воопшто да одморат, но тоа нема да го забележите, бидејќи тие не се жалат колку работа имаат. Па, ако видите Бик кој е релаксиран, иако го чекаат уште многу обврски, веројатно само земал пауза за да собере сила и да продолжи со посветената работа.

Близнаците се дволични

Со самото тоа што овој знак е симболизиран со две личности, родените во Близнаци ги следи глас дека се дволични и дека не може да им се верува. Но, вистината е дека тие всушност, благодарение на двојната природа на знакот, успеваат да воспостават хармонија околу себе и да бидат одговорни, особено кога треба да вратат на повик или порака.

Раковите се преемотивни и плачковци

Нема ништо лошо во тоа да се покажуваат емоции, наместо да се прикриваат и да се потиснуваат во себе, а Раковите тоа најдобро го знаат. Нивната емотивна состојба може да биде доста нестабилна и променлива и лесно е да бидат вознемирени, но добрата страна на нивниот карактер е што сето тоа е краткотрајно и умеат да се стабилизираат по кратко време.

Лавовите се арогантни кралици/кралеви на драмата

Екстравагантноста, ароганцијата и драматичноста се карактеристики кои најчесто се поврзуваат со овој хороскопски знак. Многу често, нивната горделивост погрешно се толкува како драматичност и како желба за надмоќ. Но, во реалноста, кога Лавот покажува силни емоции во близина на други луѓе, можеби им е потребна поддршка од вас, за полесно да покажат како се чувствуваат.

Девиците се „фрикови“ за контрола

Тоа што Девиците ги сакаат нештата на точно определен начин, не значи дека не знаат да направат компромис. Но, секогаш можете да се потпрете на нив и нивниот талент за опсервација на нештата, бидејќи кај нив е развиен аналитичкиот дел од мозокот и секогаш ќе бидат искрени во изразувањата на своите мислења. Сепак, тоа не ги прави затворени во однос на мислењата на другите.

Вагите се нереални и постојано незадоволни

Во духот на својот знак, тие постојано се обидуваат да ги балансираат нештата, барајќи рамнотежа меѓу она што го сакаат и она што го имаат, па затоа на оние околу нив им се чинат нереални. Вагите, исто така, ја ценат слободата, но и се многу лојални кога се во врска.

Скорпиите се опсесивни

Тоа што овој знак е симболизиран од скорпијата, која е отровна и секогаш спремна за напад, припадниците на Скорпијата воопшто не се такви. Тие сакаат да ги знаат двете страни на секоја приказна и потоа да „пресудат“ и да формираат мислење. Нив целосната вистина им е најважна, за да можат точно да одредат што сакаат од некоја ситуација.

Стрелците се лоши

Стрелците се луѓе кои во суштина се многу искрени, а често нивната искреност погрешно се проценува како сарказам и невкус. Во нивната природа е да бидат изразено вербални и понекогаш да користат зборови кои не се соодветни на ситуацијата, иако воопшто немаат намера некого да повредат.

Јарците се тврдоглави и студени

Јарците во исто време умеат да бидат и чувствителни и забавни, но и да балансираат меѓу емотивните бранови и нивната дива природа. Многу се посветени на работата и никогаш не се плашат да покажат што знаат. Доколку во вашата канцеларија имате Јарец со кој не можете да воспоставите комуникација, најверојатно тој/таа ја доживува својата работа како стресна и се води според тоа. Почекајте да излезе на пауза, за да можете да видите каква личност е навистина.

Водолиите се откачени

Тие сакаат авантури, воздух и слобода. За нив се верува дека се нескротливи и дека не се снаоѓаат во врска, но тоа не е вистина, бидејќи тие размислуваат „надвор од рамките“ и сакаат да внесат креативност дури и во меѓучовечките односи. Како пријатели, можат да бидат навистина лојални и одлично друштво.

Рибите се кршливи и нестабилни

Рибите можеби размислуваат поинаку од останатите, но навистина не го заслужуваат овој стереотип. Всушност, како и суштеството кое го симболизира овој знак, така и овие луѓе имаат креативен ум, но на многу повисоко ниво од останатите. Затоа не треба да ги критикувате што живеат во својот безбеден меур, бидејќи само таму можат да го извадат максимумот од себе. Ако сакате да се спријателите со нив, не се двоумете да го направите првиот чекор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e